Психотерапија

За деца

Можете да побарате помош кај нас за подобрување на односот родител-дете или за надминување на следните проблеми:

  • Агресивно или конфликтно однесување
  • Ризично однесување – крабжи, членување во криминални групи и сл.
  • Тикови
  • Зависност од компјутери
  • Употреба на психоактивни супстанции (марихуана, екстази и рекреативни опијати)
  • Депресија
  • Проблеми во комуникацијата со други деца, учители или родители
  • Бегство од дома или училиште
  • Обид за самоубиство
  • Жртви на семејно насилство во училиште или дома
  • Недостаток на мотивација за учење до степен на откажување од училиште
  • Пострауматски растројства преживеан шок, загуба на родител или близок, смрт
  • Автоагресија , нанесување на повреди на сопственото тело, гребење, кубење на коса, удирање во ѕид со главата.

ВНИМАНИЕ! Ако вашето дете покажува агресија како на пример кинење на облеката, ја куби својата косичка, се удира по главата не чекајте и побарајте помош! Ништо не е непоправливо но детето ви испраќа сигнали за помош дека е збунето од околината и тоа што се случува во него.

Кога кај вас стои прашањето дали вашето дете треба да посети психолог или не ? Ако сте забележале некоја сличност од наведениот список не чекајте, консултирајте се навреме. Вашата интуиција ви кажала дека на малечкото човече му е потребна помош од вас за да излезе на крај со неговите емоции. Ова прашање ви покажува дека веќе сте го слушнале повикот за помош!

Нашето искуство потврдува,нерешените проблеми на детето не поминуваат туку се задлабочуват во пубертетот. Понекогаш се и пречка девојчето или момчето да изградат стабилно семејство и кариера.