Психотерапија

За Вашите Вработени

Нашата фирма ПСИ-ЕКВИЛИБРИУМ делува I во доменот на деловното работење. Со нашите услуги можете да разберете:

  • Kолку вашите вработени се лојални на Вас
  • Kако да ја подигнете мотивираността на вашиот тим, потенцијалот на личноста во одредени професионални области, темпераментите на сите вработени и нивно симбионизирање

Со цел да ви помогнеме во вашата мисија ви ја доставуваме следната листа на услуги, за која сметаме дека се пресуден фактор во спроведувањето на професионалниот ангажман.

Прилог на услуги

  • Спроведување и имплементација на тест за лојалност.

Со овој тест добивате: колку вашиот вработен се вложува себеси во работата, колку е лојален на вас и на работата, колку е висока неговата мотивираност за работата.

  • Спроведување и имплементација на стрес тест.

Со овој тест, располагате со точна информација колку вашиот вработен е подложен на стрес и кој е прагот на тревожност, неговата прилагодливост кон ситуации и успешност на извршување на работните задачи во стресни услови.

  • Тест за интелигентност
  • Спроведување и имплементирање на тест на личноста.

Со овој тест добивате: целосен профил на карактерот на личноста, неговите негативни и позитивни црти во карактерот, проценка на односот на вработениот кон тимот, креативност, комуникативност, снаодливост, капацитет за дискретност.