Психотерапија

Односот клиент-психотерапевт?

Овој однос му помага на човек кој решил да ја применува психотерапијата да ги разбере своите проблеми и да ги реши без да осудува и да биде осуден, со што се ослободува од чувството на вина и неисполнетост.

Психотерапијата помага како на болниот така и на здравиот човек. Проблемите се дел од животот,не постои човек што не знае што е проблем, што е неразбирање, што е чувство на безизлезност, немоќност, вина, тага, стрес. Релацијата психотерапевт-клиент која е основана на принципот партнерство во кое што двете страни се подеднакво активни – психотерапевтот со своето знаење и професионализмот и клиентот со богатството од случки во животот и трудот да ги разбере и оцени на еден нов, различен начин.

Специфицната средина во која се наоѓаат клиентот и психотерапевтот,овозможува со начинот на третирање на проблемите да човек научи да се разбира себе си и другите, постепено оставање на стереотипните мисли и однесувања кои што довеле да се појави проблемот и изградување на нов модел однесување кое што дава можност за побрзо реагирање на динамиката на светот околу тебе.

Психотерапијата доведува до постепено разбирање и управување на сопствените емоции кое што го прави човек постабилен и емоционално интелигентен. После психотерапијата луѓето се променуваат. Тие се послободни да управуваат со својот живот , да се развиват да творат и да сакаат.

Причините зошто бараме професионална консултација или психотерапија се многу: сакаме да го олесниме емоционалното страдање, да ги избегнеме стапиците на порочниот круг на стереотипното однесување што ни пречи во животот.

Во даден момент од животот , во детство или во средни години или во старост сите чувствуваме остра и ненадминлива болка, имаме потреба да зборуваме за емоциите, за нашата болка со која што не можеме да се справиме и ниту нашите напори , ниту советите од нашите најдобри пријатели не ни помагаат да го пронајдеме нај добриот начин да излеземе од таквата ситуација.

Кога не сте во состојба да разговарате со било кој за проблемите или разговорите не водат до практичен резултат и имате потреба од помош, разбирање, прифаќање и не осудување може да ви помогне специјалистот. Така ќе го идентификувате проблемот и ќе го пронајдете начинот со кој ќе излезете од овој круг.

На првата средба со клиентот се прецизира проблемот , какви методи ке користиме, колку ќе продолжи терапијата или консултирање, колку често ке бидат средбите и слично. За сето ова ние склучуваме устен договор кој што понатаму ќе го спазуваат добронамерно и двете страни.

Посетите имаат мал или никаков резултат ако вие сте со предрасуда дека психотерапевтот ќе ви помогне со еден совет или со еднократен разговор. Психотерапијата е процес во кој вие самите наогате решение со професионална помош а понатаму и без неа.

Психотерапијата е пат кон себе си