Психотерапија

Каде и како да најдете соодветен психотерапевт или психолог?

Интересно е тоа што многу луѓе кога ќе ги прашате за својата кола, компјутер или за козметичките препарати знаат да ви кажат многу детали а незнаат скоро ништо за својот психотерапевт, доктор , психолог, психијатар.

Ако ги прашаме за квалификацијата тешко дека ќе ви ја кажат и разликата помеѓу психотерапевт, психолог, психијатар. Овде накратко ке ви ја опишеме оваа разлика и ке можете во иднина да побарате помош на соодветно место.

  • Психолог - Задолжително имаат минимум 4 годишно високо образование. Постојат различни профили : детски психолог, социјален психолог, клинички психолог, судски психолог и др. Важно е да знаете дека психологот нема право да ви препишува лекарства.
  • Психотерапевт - задолжително се дипломирани психолози или психијатри и завршена специална психотерапија. Обично тоа се дополнителни 3-5 годишни програми. Во овие програми задолжително психотерапевтот поминува определен број часови лично искуство т.е. психотерапија. Кога избирате психотерапевт треба да знаете каква терапија тој спроведува, да ви објасни за терапијата.
  • Психијатар - имаат диплома по општа медицина и специјализација - Психијатрија. Во случај да решете да изберете психијатар треба да знаете дека тоа е работа со двајца специјалисти : психијатар кој ќе ви ги препише медикаментите и психотерапевт со кој ќе ја спроведувате психотерапијата. Во светот не се препорачуваа овие две функции да ги спроведува едно лице. Важното е да знаете дека никој друг лекар нема дозвола да ви препишува лекарства за вашето ментално здравје освен психијатар.