За нас

Наместо Биографија

Добродојдовте на сајтот на Еквилибриум. Тука сте затоа што ситниците од околности ве довеле тука на ова интернет простаранство. Имате проблем да решите што да направите? Сакате да ја излеете маката и болката, пред човек на кого можете да верувате и кој ќе ве прими безрезервно такви какви што сте? Имате некакви стравови или доживувате емотивен срив?

Мојата работа и инспирација е да ви помогнам! Се викам Ана Чучкова, ја изучувам науката за душата-психологијата, во една или друга форма. Трагам по човечкото во себе си и во другите. Сакам да помагам. Си ја сакам работата. Тука сум за вас, за да ви подадам рака, кога имате потреба од неа.

Квалификација

  • Психологија – СУ Климент Охридски –Софија
  • Магистратура на социјална и судска психологија-Софија
  • Когнетивна бихевиорална психотерапија
  • Музико и арт терапија
  • Позитивна психотерапија
  • Хипноза и хипнотерапија – БАХ ( асоцијација за хипноза и хипнотерапија)
  • Основач и претседател на здружението на млади психолози ТриНова
  • Уредник на првиот весник за психологија во Р. Македонија “Психолог”

Искрено и лично

Која сум јас? Еден совршен психолог и психотерапевт ?! Некоја мудра старица? Можеби некоја волшебничка со магично стапче и замрзнувачки поглед?!

Еве ме мене, жена која што го бара спознавањето, трага се подлабоки пластови од себе си, носи со себе се што е човечко: своите слабости, своите страсти, вкусови и болки.

Не сум совршена и не сакам да бидам. Не сум мудра старица, спознанието е бескрајно и оваа титула не ја поседувам. Значи јас сум само еден обичен човек, кој научил да слуша што сакаат да кажат другите, кој не осудува и кој не казнува.

Со моите клиенти воспоставувам однос, кој е посебен и засебен. Нема ниту еден човек на оваа планета кој не е различен. Секоја приказна е посебна, секоја болка е посебна и секој проблем се доживува различно. Затоа научив луѓето да не ги ставам во некоја рамка на некоја статистика.

Не сум психолог од медиумите, кој течно може да изнакаже илјадници зборови во секунда, кој може да даде практичен совет со само едно ислушување на проблемот ( по телефон) . Јас сум психолог и психотерапевт кој се трди целосно да го доживее, разбере и помогне на човек кој го бара тоа од мене.

Ја сакам мудроста на истокот но не ја воздигнувам во култ. За пријателите давам и душа и срце и се смеам на примитивноста на насилството.

Ете јас сум обичен човек кој е тука за да ве ислуша.