За нас

Општо

Го создадов овој кабинет пред две години затоа што видов колку гнев, болка, тага и вина чувствуваат децата и семејствата кој што се запознаваат со свои блиски со психични проблеми или тие самите преминуваат преку некој тежок период.

За жал психотерапијата во Македонија сеуште е табу тема за многу семејства.

Луѓето со години живеат во така наречениот круг на проблемите без да знаат каде да побараат помош. Губат многу енергија и време додека работите се влошуваат. По храбар е тој што го признава сопствениот проблем пред себе и бара помош отколку оној што вели дека нема проблем.

Родителите мислат дека проблемите на детето се појавуваат како дел од растењето и се надеваат дека со време тоа ќе порасне и се ќе помине само од себе. Вистината е дека проблемите не се дел од природниот детски развој. Тие се појавуваат тогаш кога нешто не е во ред и се сигнали за помош. Со време овие проблеми потонуваат длабокјо во детето и така стануваат по невидливи за нас, но оставаат тежок товар за нив.

Во кабинетот Пси-Еквилибриум сме раководени од два принципи:
  • Секогаш да понудиме високо квалифицирана помош за возрасни и деца кога ги предлагаме квалитетните и нови методи во светската пракса
  • Оваа помош да биде достапна за сите